Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во септември 2021 година, во однос на септември 2020 година, изнесува 102.8.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во септември 2021 година, во однос на септември 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 25.6 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 24.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 13.1 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 19.1 %.
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во септември 2021 година, во однос на август 2021 година, изнесува 113.5, додека во периодот јануари – септември 2021 година, во однос на периодот јануари – септември 2020 година, изнесува 118.6.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во септември 2021 година, во однос на септември 2020 година, изнесува 109.7.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во септември 2021 година, во однос на септември 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 10.9 %, Капитални производи за 63.9 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 2.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.4 %.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во септември 2021 година, во однос на август 2021 година, изнесува 105.6, додека во периодот јануари – септември 2021 година, во однос на периодот јануари – септември 2020 година, изнесува 106.3.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во септември 2021 година, во однос на септември 2020 година, изнесува 100.2.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во септември 2021 година, во однос на септември 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 31.5 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 31.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 19.9 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 20.0 %.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во септември 2021 година, во однос на август 2021 година, изнесува 116.0, додека во периодот јануари – септември 2021 година, во однос на периодот јануари – септември 2020 година, изнесува 121.4.