Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на прометот во индустријата, август 2021 година

петок, 15 октомври 2021


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во август 2021 година, во однос на август 2020 година, изнесува 107.5.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во август 2021 година, во однос на август 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 39.8 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 16.5 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 4.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.6 %.

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во август 2021 година, во однос на јули 2021 година, изнесува 96.7, додека во периодот јануари – август 2021 година, во однос на периодот јануари – август 2020 година, изнесува 121.1.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во август 2021 година, во однос на август 2020 година, изнесува 114.1.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во август 2021 година, во однос на август 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 16.3 %, Капитални производи за 26.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 12.8 %, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 0.1 %.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во август 2021 година, во однос на јули 2021 година, изнесува 94.6, додека во периодот јануари – август 2021 година, во однос на периодот јануари – август 2020 година, изнесува 105.8.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во август 2021 година, во однос на август 2020 година, изнесува 104.9.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во август 2021 година, во однос на август 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 49.7 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 29.8 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 5.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 23.9 %.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во август 2021 година, во однос на јули 2021 година, изнесува 98.2, додека во периодот јануари – август 2021 година, во однос на периодот јануари – август 2020 година, изнесува 125.0.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика