Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во јули 2021 година, во однос на јули 2020 година, изнесува 108.5.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јули 2021 година, во однос на јули 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 36.2 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 20.5 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 8.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.0 %.
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во јули 2021 година, во однос на јуни 2021 година, изнесува 93.6, додека во периодот јануари-јули 2021 година, во однос на периодот јануари-јули 2020 година, изнесува 123.3.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во јули 2021 година, во однос на јули 2020 година, изнесува 103.9.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во јули 2021 година, во однос на јули 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7.6 %, Капитални производи за 1.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.0 %, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 0.7 %.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во јули 2021 година, во однос на јуни 2021 година, изнесува 104.4, додека во периодот јануари-јули 2021 година, во однос на периодот јануари-јули 2020 година, изнесува 104.6.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во јули 2021 година, во однос на јули 2020 година, изнесува 107.7.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во јули 2021 година, во однос на јули 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 44.7 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 35.0 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 9.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.7 %.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во јули 2021 година, во однос на јуни 2021 година, изнесува 89.7, додека во периодот јануари-јули 2021 година, во однос на периодот јануари-јули 2020 година, изнесува 128.2.