Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во јуни 2021 година, во однос на јуни 2020 година, изнесува 117.9.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јуни 2021 година, во однос на јуни 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 31.1 %, Капитални производи за 15.7 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 35.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.4 %.
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во јуни 2021 година, во однос на мај 2021 година, изнесува 102.8, додека во периодот јануари – јуни 2021 година, во однос на периодот јануари – јуни 2020 година, изнесува 126.2.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во јуни 2021 година, во однос на јуни 2020 година, изнесува 108.5.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во јуни 2021 година, во однос на јуни 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2.4 %, Капитални производи за 38.2 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 33.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 9.6 %.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во јуни 2021 година, во однос на мај 2021 година, изнесува 114.5, додека во периодот јануари – јуни 2021 година, во однос на периодот јануари – јуни 2020 година, изнесува 104.7.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во јуни 2021 година, во однос на јуни 2020 година, изнесува 119.7.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во јуни 2021 година, во однос на јуни 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 42.8 %, Капитални производи за 15.5 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 28.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.4 %.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во јуни 2021 година, во однос на мај 2021 година, изнесува 99.9, додека во периодот јануари – јуни 2021 година, во однос на периодот јануари – јуни 2020 година, изнесува 132.1.