Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекс на прометот во индустријата, март 2014

четврток, 15 мај 2014


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во март 2014
година, во однос на март 2013 година, изнесува 113.8.
Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во март 2014, во однос на март 2013
година, бележи опаѓање од 16.7%, а индексот на прометот остварен на странски пазари бележи пораст од
27.7%.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во март 2014 година,
во однос на март 2013 година, бележи пораст од 0.6%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст
од 14.4%.
Според главните индустриски групи, прометот во март 2014 година, во однос на март 2013 година, бележи
пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11.4% и Капитални производи за 57.2%, додека
опаѓање бележи кај Енергија за 94.3%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 12.0% и Нетрајни
производи за широка потрошувачка за 2.2%.
Индексот на прометот во индустријата во март 2014 година, во однос на февруари 2014 година, изнесува 114.5,
додека во периодот јануари-март 2014 година, во однос на периодот јануари-март 2013 година, изнесува
111.4.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: ?+389 2 3295 749

е-пошта:  goran.stojkovic@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика