Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во април 2021 година, во однос на април 2020 година, изнесува 209.0.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во април 2021 година, во однос на април 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 67.3 %, Капитални производи за 359.5 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 103.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 34.6 %.
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во април 2021 година, во однос на март 2021 година, изнесува 97.1, додека во периодот јануари – април 2021 година, во однос на периодот јануари – април 2020 година, изнесува 122.0.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во април 2021 година, во однос на април 2020 година, изнесува 120.8.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во април 2021 година, во однос на април 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 23.8 %, Капитални производи за 27.6 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 71.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 14.3 %.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во април 2021 година, во однос на март 2021 година, изнесува 101.4, додека во периодот јануари – април 2021 година, во однос на периодот јануари – април 2020 година, изнесува 102.4.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во април 2021 година, во однос на април 2020 година, изнесува 262.0.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во април 2021 година, во однос на април 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 86.6 %, Капитални производи за 402.7 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 110.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 50.1 %.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во април 2021 година, во однос на март 2021 година, изнесува 95.7, додека во периодот јануари – април 2021 година, во однос на периодот јануари – април 2020 година, изнесува 127.1.