Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во март 2021 година во однос на март 2020 година, изнесува 127.1.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во март 2021 година, во однос на март 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 33.5 %, Капитални производи за 38.2 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 57.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.3 %.
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во март 2021 година, во однос на февруари 2021 година, изнесува 111.9, додека во периодот јануари – март 2021 година, во однос на периодот јануари – март 2020 година, изнесува 106.3.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар во март 2021 година, во однос на март 2020 година, изнесува 99.1.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во март 2021 година, во однос на март 2020 година, бележи пораст кај Капитални производи за 28.5 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 33.1 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.6 %.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар во март 2021 година, во однос на февруари 2021 година, изнесува 125.5, додека во периодот јануари – март 2021 година, во однос на периодот јануари – март 2020 година, изнесува 96.4.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари во март 2021 година, во однос на март 2020 година, изнесува 136.0.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во март 2021 година, во однос на март 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 52.5 %, Капитални производи за 38.9 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 57.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.8 %.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари во март 2021 година, во однос на февруари 2021 година, изнесува 108.8, додека во периодот јануари – март 2021 година, во однос на периодот јануари – март 2020 година, изнесува 108.2.