Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во септември 2020 година, во однос на септември 2019 година, изнесува 106.2.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во септември 2020 година, во однос на септември 2019 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.2 % и Капитални производи за 15.8 %, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 8.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.5 %.
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во септември 2020 година, во однос на август 2020 година, изнесува 118.8, додека во периодот јануари-септември 2020 година, во однос на периодот јануари-септември 2019 година, изнесува 88.6.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во септември 2020 година, во однос на септември 2019 година, изнесува 100.5. Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во септември 2020 година, во однос на септември 2019 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9.2 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 29.5 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 7.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.2 %.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во септември 2020 година, во однос на август 2020 година, изнесува 109.8, додека во периодот јануари-септември 2020 година, во однос на периодот јануари-септември 2019 година, изнесува 97.3.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во септември 2020 година, во однос на септември 2019 година, изнесува 108.4.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во септември 2020 година, во однос на септември 2019 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.5 % и Капитални производи за 17.1 %, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 11.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.4 %.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во септември 2020 година, во однос на август 2020 година, изнесува 121.5, додека во периодот јануари-септември 2020 година, во однос на периодот јануари-септември 2019 година, изнесува 86.4.