Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Индустрија
Индекс на прометот во индустријата, февруари 2014
вторник, 15 април 2014
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во февруари 2014 година, во однос на февруари 2013 година, изнесува 110.1. Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во февруари 2014, во однос на февруари 2013 година, бележи опаѓање од 23.7%, а индексот на прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 26.2%. Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2014 година, во однос на февруари 2013 година, бележи пораст од 2.3%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 10.4%. Според главните индустриски групи, прометот во февруари 2014 година, во однос на февруари 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 12.8%, Капитални производи за 51.1% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 14.9%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 97.1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.0%. Индексот на прометот во индустријата во февруари 2014 година, во однос на јануари 2014 година, изнесува 96.2, додека во периодот јануари-февруари 2014 година, во однос на периодот јануари-февруари 2013 година, изнесува 110.1.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
?+389 2 3295 749
е-пошта:
goran.stojkovic@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика