Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Индустрија
Индекси на прометот во индустријата, ноември 2013
среда, 15 јануари 2014
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во ноември 2013 година, во однос на ноември 2012 година, изнесува 108.6. Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во ноември 2013, во однос на ноември 2012 година, бележи опаѓање од 14.8%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 20.4%. Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2013 година, во однос на ноември 2012 година, бележи опаѓање од 15.5%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 10.2%. Според главните индустриски групи, прометот во ноември 2013 година, во однос на ноември 2012 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11.8% и Капитални производи за 36.7%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 76.1%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 20.2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.0%. Индексот на прометот во индустријата во ноември 2013 година, во однос на октомври 2013 година, изнесува 92.1, додека во периодот јануари-ноември 2013 година, во однос на периодот јануари-ноември 2012 година, изнесува 106.9.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 749
е-пошта:
goran.stojkovic@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика