Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекс на прометот во индустријата, септември 2013 година

петок, 15 ноември 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во септември 2013 година, во однос на септември 2012 година, изнесува 111.3.


Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во септември 2013, во однос на септември 2012 година, бележи опаѓање од 11.3%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 24.1%.


Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2013 година, во однос на септември 2012 година, бележи пораст од 20.0%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 10.9%.


Според главните индустриски групи, прометот во септември 2013 година, во однос на септември 2012 година, бележи пораст кај Енергија за 209.4%, Интермедијарни производи, освен енергија за 2.1%, Капитални производи за 56.9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.3%, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 14.1%.


Индексот на прометот во индустријата во септември 2013 година, во однос на август 2013 година, изнесува 107.7, додека во периодот јануари-септември 2013 година, во однос на периодот јануари-септември 2012 година, изнесува 106.4.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 749

е-пошта:  goran.stojkovic@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика