Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекс на прометот во индустријата, август 2013 година

среда, 16 октомври 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во август 2013 година, во однос на август 2012 година, изнесува 98.1.
Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во август 2013, во однос на август 2012 година, бележи опаѓање од 13.0%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 4.4%.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во август 2013 година, во однос на август 2012 година, бележи опаѓање од 6.7%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1.6%.
Според главните индустриски групи, прометот во август 2013 година, во однос на август 2012 година, бележи пораст кај Енергија за 71.8%, Капитални производи за 15.7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.2%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11.1% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 20.5%.
Индексот на прометот во индустријата во август 2013 година, во однос на јули 2013 година, изнесува 87.5, додека во периодот јануари-август 2013 година, во однос на периодот јануари-август 2012 година, изнесува 105.8.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 749

е-пошта:  goran.stojkovic@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика