Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во јули 2013
година, во однос на јули 2012 година, изнесува 106.7.
Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јули 2013, во однос на јули 2012 година, бележи
опаѓање од 8.8%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 15.6%.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2013 година,
во однос на јули 2012 година, бележи пораст од 4.7%, а во секторот Преработувачка индустрија порастот
изнесува 6.8%.
Според главните индустриски групи, прометот во јули 2013 година, во однос на јули 2012 година, бележи
пораст кај Енергија за 315.1% и Капитални производи за 119.7%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни
производи, освен енергија за 0.1%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 15.8% и Tрајни производи
за широка потрошувачка за 15.8%.
Индексот на прометот во индустријата во јули 2013 година, во однос на јуни 2013 година, изнесува 104.5, додека
во периодот јануари-јули 2013 година, во однос на периодот јануари-јули 2012 година, изнесува 106.9.