Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекс на прометот во индустријата, јуни 2013 година

четврток, 15 август 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во
јуни 2013 година, во однос на јуни 2012 година, изнесува 114.9.


Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јуни 2013, во однос на јуни 2012 година,
бележи опаѓање од 6.3%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 27.7%.


Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во јуни
2013 година, во однос на јуни 2012 година, е на исто ниво, а во секторот Преработувачка индустрија
бележи пораст од 15.8%.


Според главните индустриски групи, прометот во јуни 2013 година, во однос на јуни 2012 година,
бележи пораст кај Енергија за 53.4%, Интермедијарни производи, освен енергија за 1.9%,
Капитални производи за 67.2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 9.9%, додека
опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 19.6%.


Индексот на прометот во индустријата во јуни 2013 година, во однос на мај 2013 година, изнесува
94.9, додека во периодот јануари-јуни 2013 година, во однос на периодот јануари-јуни 2012 година,
изнесува 106.9.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 749

е-пошта:  goran.stojkovic@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика