Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекс на прометот во индустријата, мај 2013 година

понеделник, 15 јули 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во мај 2013
година, во однос на мај 2012 година, изнесува 108.7.
Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во мај 2013, во однос на мај 2012 година, бележи
опаѓање од 13.5%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 20.8%.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2013 година,
во однос на мај 2012 година, бележи пораст од 19.3%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст
од 8.1%.
Според главните индустриски групи, прометот во мај 2013 година, во однос на мај 2012 година, бележи пораст
кај Капитални производи за 94.4%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 74.5%, Интермедијарни производи,
освен енергија за 0.8%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 18.4% и Нетрајни производи за широка
потрошувачка за 8.2%.
Индексот на прометот во индустријата во мај 2013 година, во однос на април 2013 година, изнесува 97.4, додека
во периодот јануари-мај 2013 година, во однос на периодот јануари-мај 2012 година, изнесува 105.5.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 749

е-пошта:  goran.stojkovic@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика