Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во април 2013
година, во однос на април 2012 година, изнесува 107.0.
Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во април 2013, во однос на април 2012 година, бележи
опаѓање од 4.0%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 12.8%.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во април 2013 година,
во однос на април 2012 година, бележи пораст од 24.3%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи
пораст од 6.2%.
Според главните индустриски групи, прометот во април 2013 година, во однос на април 2012 година, бележи
пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 10.2%, Капитални производи за 20.5% и Нетрајни
производи за широка потрошувачка за 11.9%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 68.5% и Tрајни производи
за широка потрошувачка за 7.5%.
Индексот на прометот во индустријата во април 2013 година, во однос на март 2013 година, изнесува 107.0,
додека во периодот јануари-април 2013 година, во однос на периодот јануари-април 2012 година, изнесува
104.7.