Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, второ тримесечје од 2017 година

вторник, 05 септември 2017


Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за
преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето
на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за
индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните
претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при
склучувањето на градежните договори.


Во второто тримесечје од 2017 година, во споредба со првото тримесечје од 2017 година, трошоците во
градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 2.5%, трошоците за материјали се
повисоки за 0.9% и трошоците за вработените се повисоки за 6.4%.


Во второто тримесечје од 2017 година, во споредба со второто тримесечје од 2016 година, трошоците во
градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 2.2%, трошоците за материјали се
повисоки за 1.1% и трошоците за вработените се повисоки за 4.7%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика