Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Цени
Индекси на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, второ тримесечје од 2024 година
петок, 30 август 2024
Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори.
Во второто тримесечје од 2024 година, во споредба со првото тримесечје од 2024 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 0.1 %, трошоците за материјали за 0.7 %, а трошоците за вработените се повисоки за 1.2 %.
Во второто тримесечје од 2024 година, во споредба со второто тримесечје од 2023 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 6.8 %, трошоците за материјали за 11.8 %, а трошоците за вработените се повисоки за 5.8 %.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389295666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика