Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, трето тримесечје од 2022 година*

среда, 30 ноември 2022


01.12.2022 Почитувани корисници, поради техничка грешка во податоците, соопштението Индекси на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, трето тримесечје од 2022 година* го објавуваме повторно со коригирани податоци.
 
Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за
преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на
процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите
на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија, кои
се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните
договори.
Во третото тримесечје од 2022 година, во споредба со второто тримесечје од 2022 година, трошоците во
градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 6.0 %, трошоците за материјали за 6.2 %,
трошоците за вработените за 5.6 %.
Во третото тримесечје од 2022 година, во споредба со третото тримесечје од 2021 година, трошоците во
градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 21.2 %, трошоците за материјали за
19.5 % и трошоците за вработените за 24.9 %.
 
*Соопштението е коригирано поради техничка грешка во податоците.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика