Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекс на индустриското производство, септември 2012 година

петок, 26 октомври 2012


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во септември
2012 година, во однос на септември 2011 година, изнесува 94.4.


Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2012
година, во однос на септември 2011 година, бележи пораст од 3.3%, во секторот Преработувачка индустрија
бележи опаѓање од 6.8%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст
од 3.1%.


Според главните индустриски групи, производството во септември 2012 година, во однос на септември 2011
година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.8%, Tрајни производи за широка
потрошувачка за 3.5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 14.7%, додека пораст бележи кај
Енергија за 1.0% и Капитални производи за 19.6%.


Индексот на индустриското производство во периодот јануари-септември 2012 година, во однос на периодот
јануари-септември 2011 година, изнесува 93.1.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 649

е-пошта:  zoran.stanojkovski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика