Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство, август 2012

среда, 26 септември 2012


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во август 2012
година, во однос на август 2011 година, изнесува 91.9.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2012
година, во однос на август 2011 година, бележи пораст од 9.4%, во секторот Преработувачка индустрија бележи
опаѓање од 10.1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од
3.9%.
Според главните индустриски групи, производството во август 2012 година, во однос на август 2011 година,
бележи опаѓање кај Енергија за 21.0%, Интермедијарни производи, освен енергија за 10.9% и Нетрајни
производи за широка потрошувачка за 5.6%, додека бележи пораст кај Капитални производи за 23.9% и
Tрајни производи за широка потрошувачка за 3.5%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари - август 2012 година, во однос на периодот
јануари - август 2011 година, изнесува 92.9.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 649

е-пошта:  zoran.stanojkovski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика