Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство, јули 2012

среда, 29 август 2012


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јули 2012
година, во однос на јули 2011 година, изнесува 93.1.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2012 година,
во однос на јули 2011 година, бележи пораст од 4.3%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање
од 10.0%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 18.0%.
Според главните индустриски групи, производството во јули 2012 година, во однос на јули 2011 година, бележи
опаѓање кај Енергија за 14.4%, Интермедијарни производи, освен енергија за 6.6%, Tрајни производи за
широка потрошувачка за 45.1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.5%, додека бележи
пораст кај Капитални производи за 24.1%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари - јули 2012 година, во однос на периодот јануари
- јули 2011 година, изнесува 93.1.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 649

е-пошта:  zoran.stanojkovski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика