Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во април 2012
година, во однос на април 2011 година, изнесува 92.8.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во април 2012 година, во однос на април 2011 година, бележи опаѓање од 3.2%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 7.0%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 10.3%.
Според главните индустриски групи, производството во април 2012 година, во однос на април 2011 година, бележи опаѓање кај Енергија за 27.4 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 2.3% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 57.7 %, додека бележи пораст кај Капитални производи за 1.2% и кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.1%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари-април 2012 година, во однос на периодот јануари-април 2011 година, изнесува 91.9.