Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во октомври 2011 година во однос на октомври 2010 година изнесува 96.2.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2011 година, во однос на октомври 2010 година, бележи пораст од 11.7%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 5.3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1.2%.
Според главните индустриски групи производството во октомври 2011 година, во однос на октомври 2010 година, бележи пораст кај Капитални производи за 17.3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.0%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 11.3%, Интермедијарни производи, освен енергија за 10.6% и Трајни производи за широка потрошувачка за 1.7%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари - октомври 2011 година, во однос на периодот јануари - октомври 2010 година, изнесува 105.2.