Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во септември 2011 година, во однос на септември 2010 година, изнесува 97.7.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на каменво септември 2011 година, во однос на септември 2010 година, бележи опаѓање од 8.6%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 0.3%, а во секторот Снабдување соелектрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 18.8%.
Според главните индустриски групи, производството во септември 2011 година, во однос на септември 2010 година, бележи пораст кај Капитални производи за 48.1% и Трајни производи заширока потрошувачка за 8.7%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 17.9%, Интермедијарнипроизводи, освен енергија за 5.3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.8%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари - септември 2011 година, во однос на периодот јануари - септември 2010 година, изнесува 106.3.