Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Намалување на индустриското производство во април 2010 година, во однос на истиот месец од претходната година, за 9.6%

четврток, 27 мај 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во април 2010 година, во однос на април 2009 година, изнесува 90.4.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Вадење на руди и камен во април 2010 година, во однос на април 2009 година, бележи опаѓање од 14.2%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 14.1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас и вода пораст од 29.5%.

Според главните индустриски групи, производството во април 2010 година, во однос на април 2009 година, бележи опаѓање кај: Интермедијарни производи, освен енергија за 6.7%, Капитални производи за 35.6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 14.3%.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари - април 2010 година, во однос на периодот јануари - април 2009 година, изнесува 90.6.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 653

е-пошта:  zoran.stanojkovski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика