Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Индустрија
Индекс на индустриското производство, јануари 2011 година
понеделник, 07 март 2011
Државниот завод за статистика, на почетокот на оваа година, ја примени новата Национална
номенклатура на индустриски производи (ННИП) 2008 за прибирање и обработка на податоците
за индустриското производство, а за пресметка и објавување на индексите на индустриското
производство ја примени новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2). За
да се обезбеди временска серија со споредливи податоци, месечните индекси на индустриското
производство, од 2005 до 2010 година, се преработени според новата Национална класификација
на дејностите (НКД Рев.2).
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство
во јануари 2011 година, во однос на јануари 2010 година, изнесува 105.0.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен
во јануари 2011 година, во однос на јануари 2010 година, бележи пораст од 2.4%, во секторот
Преработувачка индустрија бележи пораст од 8.0%, а во секторот Снабдување со електрична
енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 4.8%.
Според главните индустриски групи, производството во јануари 2011 година, во однос на јануари
2010 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 16.8%, Капитални
производи за 73.1% и Трајни производи за широка потрошувачка за 19.5%, додека опаѓање
бележи кај: Енергија за 6.1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.8%.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 649
е-пошта:
zoran.stanojkovski@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика