Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, изнесува 94.1.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, бележи опаѓање од 24.2 %, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 3.1 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи опаѓање од 12.1 %.
Според главните индустриски групи, производството во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, бележи пораст кај Капитални производи за 2.0 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 17.3 % Интермедијарни производи, освен енергија за 7.1 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 16.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.8 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари − декември 2019 година, во однос на периодот јануари − декември 2018 година, изнесува 103.7.