Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во ноември 2019 година, во однос на ноември 2018 година, изнесува 97.9.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2019 година, во однос на ноември 2018 година, бележи опаѓање од 11.9 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 0.7 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи опаѓање од 9.6 %.
Според главните индустриски групи, производството во ноември 2019 година, во однос на ноември 2018 година, бележи пораст кај Капитални производи за 6.6 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 10.7 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 1.8 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 3.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.2 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари - ноември 2019 година, во однос на периодот јануари - ноември 2018 година, изнесува 104.7.