Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во август 2019 година, во однос на август 2018 година, изнесува 109.8.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2019 година, во однос на август 2018 година, бележи опаѓање од 1.4 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 4.5 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи пораст од 47.9 %.
Според главните индустриски групи, производството во август 2019 година, во однос на август 2018 година, бележи пораст кај Енергија за 39.8 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 0.5 %, Капитални производи за 14.0 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 25.4 %, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.6 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – август 2019 година, во однос на периодот јануари – август 2018 година, изнесува 105.5.