Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство, јануари 2019 година

среда, 06 март 2019


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јануари 2019 година, во однос на јануари 2018 година, изнесува 112.0.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2019 година, во однос на јануари 2018 година, бележи опаѓање од 2.2 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4.0%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 50.8 %.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на метали, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во јануари 2019 година, во однос на јануари 2018 година, бележи пораст кај Енергија за 44.6 %, Капитални производи за 15.7 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 23.7%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.1 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика