Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство, септември 2018 година

вторник, 30 октомври 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во септември 2018 година, во однос на септември 2017 година, изнесува 104.5.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2018 година, во однос на септември 2017 година, бележи пораст од 4.7 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 3.6 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 19.2 %.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на метали, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во септември 2018 година, во однос на септември 2017 година, бележи пораст кај Енергија за 15.5 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 5.1 % и Капитални производи за 14.9 %, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 1.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.1 %.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – септември 2018 година, во однос на периодот јануари – септември 2017 година, изнесува 105.0.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел:

е-пошта:   
  




© Државен завод за статистика