Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство, јуни 2018 година

понеделник, 30 јули 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јуни 2018 година,
во однос на јуни 2017 година, изнесува 112.1.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2018 година, во
однос на јуни 2017 година, бележи опаѓање од 4.2 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 14.1 %,
а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 16.3 %.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во
следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на тутунски производи, Производство на
текстил, Производство на облека, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати,
Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на метали, Производство на
фабрикувани метални производи, освен машини и уреди, Производство на електрична опрема, Производство
на машини и уреди, неспомeнати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и
Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, бележи
пораст кај Енергија за 12.3 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 13.5 %, Капитални производи за 34.2 %
и Трајни производи за широка потрошувачка за 20.1 %.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – јуни 2018 година, во однос на периодот јануари –
јуни 2017 година, изнесува 105.0.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  nfo@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика