Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство, март 2018 година

петок, 27 април 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во март 2018 година,
во однос на март 2017 година, изнесува 104.6.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во март 2018 година, во
однос на март 2017 година, бележи опаѓање од 5.4 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2.6 %,
а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 33.1 %.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните
оддели: Производство на тутунски производи, Производство на облека, Производство на основни фармацевтски
производи и фармацевтски препарати, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и уреди,
Производство на електрична опрема, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство
на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во март 2018 година, во однос на март 2017 година, бележи
пораст кај Енергија за 26.2 %, Капитални производи за 13.5 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 35.4 %
и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.8 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи,
освен енергија за 8.1 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари - март 2018 година, во однос на периодот јануари - март
2017 година, изнесува 105.2.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика