Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Намалување на индустриското производство во јануари 2010 година, во однос на истиот месец од претходната година, за 2.9%

понеделник, 01 март 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јануари 2010 година, во однос на јануари 2009 година, изнесува 97.1.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Вадење на руди и камен во јануари 2010 година, во однос на јануари 2009 година, бележи пораст од 11.4%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 8.2%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас и вода пораст од 16.7%.

Според главните индустриски групи, производството во јануари 2010 година, во однос на јануари 2009 година, бележи пораст кај Енергија за 5.6% и Интермедијарни производи, освен енергија за 0.8%, додека опаѓање бележи кај: Капитални производи за 40.0%, Трајни производи за широка потрошувачка за 9.7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.3%.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 653

е-пошта:  zoran.stanojkovski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика