Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во февруари
2018 година, во однос на февруари 2017 година, изнесува 103.1.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2018
година, во однос на февруари 2017 година, бележи опаѓање од 12.2 %, во секторот Преработувачка индустрија
бележи пораст од 5.4 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање
од 5.9 %.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во
следните оддели: Производство на текстил, Производство на производи од гума и производи од пластични
маси, Производство на други неметални минерали, Производство на фабрикувани метални производи, освен
машини и уреди, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомeнати на
друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во февруари 2018 година, во однос на февруари 2017
година, бележи пораст кај Капитални производи за 19.3 %, Трајни производи за широка потрошувачка за
76.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.3 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 8.8 %
и Интермедијарни производи, освен енергија за 8.5 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – февруари 2018 година, во однос на периодот
јануари – февруари 2017 година, изнесува 105.6.