Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство, декември 2017 година

вторник, 30 јануари 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во декември
2017 година, во однос на декември 2016 година, изнесува 97.4.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2017
година, во однос на декември 2016 година, бележи пораст од 1.8%, во секторот Преработувачка индустрија
бележи опаѓање од 1.5%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација
опаѓање од 11.2%.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во
следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на
тутунски производи, Производство на облека, Производство на други неметални минерални производи и
Производство на метали.
Според главните индустриски групи, производството во декември 2017 година, во однос на декември 2016
година, бележи пораст кај Капитални производи за 22.4% и Трајни производи за широка потрошувачка за
46.6%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 10.1%, Интермедијарни производи, освен енергија за 2.1% и
Нетрајни производи за широка потрошувачка за 15.8%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари - декември 2017 година, во однос на периодот
јануари - декември 2016 година, изнесува 100.2.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика