Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство, октомври 2017 година

среда, 29 ноември 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во октомври
2017 година, во однос на октомври 2016 година, изнесува 101.3.


Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2017 година,
во однос на октомври 2016 година, бележи опаѓање од 10.6%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст
од 2.1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 6.5%.


Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во
следните оддели: Производство на тутунски производи, Производство на основни фармацевтски производи и
фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство
на други неметални минерални производи, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини
и опрема, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место
и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.


Според главните индустриски групи, производството во октомври 2017 година, во однос на октомври 2016
година, бележи пораст кај Енергија за 4.0% и Капитални производи за 15.4%, додека опаѓање бележи кај
Интермедијарни производи, освен енергија за 2.8%, Трајни производи за широка потрошувачка за 9.4% и
Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.1%.


Индексот на индустриското производство во периодот јануари - октомври 2017 година, во однос на периодот
јануари - октомври 2016 година, изнесува 100.1.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика