Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во септември
2017 година, во однос на септември 2016 година, изнесува 100.3.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2017
година, во однос на септември 2016 година, бележи опаѓање од 2.6%, во секторот Преработувачка индустрија
бележи пораст од 0.4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст
од 0.1%.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство
во следните оддели: Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на други
неметални минерални производи, Производство на електрична опрема и Производство на машини и уреди,
неспомeнати на друго место.
Според главните индустриски групи, производството во септември 2017 година, во однос на септември 2016
година, бележи пораст кај Енергија за 3.6% и Капитални производи за 8.1%, додека опаѓање бележи кај
Интермедијарни производи, освен енергија за 2.1%, Трајни производи за широка потрошувачка за 0.1% и
Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.2%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари - септември 2017 година, во однос на периодот
јануари - септември 2016 година, изнесува 99.9.