Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство, август 2017 година

петок, 29 септември 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во август 2017
година, во однос на август 2016 година, изнесува 94.7.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2017
година, во однос на август 2016 година, бележи опаѓање од 6.1%, во секторот Преработувачка индустрија
бележи опаѓање од 8.0%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација
пораст од 28.1%.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во
следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на тутунски производи, Производство
на текстил, Производство на облека, Производство на производи од гума и производи од пластични маси,
Производство на метали, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место и Производство на
моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во август 2017 година, во однос на август 2016 година,
бележи пораст кај Енергија за 19.0%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија
за 4.3%, Капитални производи за 12.4%, Трајни производи за широка потрошувачка за 8.7% и Нетрајни
производи за широка потрошувачка за 8.0%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари-август 2017 година, во однос на периодот
јануари - август 2016 година, изнесува 99.9.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика