Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство, јули 2017 година

среда, 30 август 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јули 2017
година, во однос на јули 2016 година, изнесува 97.8.


Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2017
година, во однос на јули 2016 година, бележи опаѓање од 3.4%, во секторот Преработувачка индустрија бележи
опаѓање од 2.6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од
2.1%.


Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во
следните оддели: Производство на облека, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални
производи, освен машини и опрема и Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место.


Според главните индустриски групи, производството во јули 2017 година, во однос на јули 2016 година, бележи
пораст кај Енергија за 0.6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.4% додека опаѓање бележи
кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.6%, Капитални производи за 2.5% и Трајни производи за
широка потрошувачка за 14.2%.


Индексот на индустриското производство во периодот јануари - јули 2017 година, во однос на периодот јануари
- јули 2016 година, изнесува 100.7.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика