Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство, мај 2017 година

петок, 30 јуни 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во мај 2017
година, во однос на мај 2016 година, изнесува 109.2.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2017 година,
во однос на мај 2016 година, бележи пораст од 7.7%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст
од 8.8%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 13.8%.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство
во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство
на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на други неметални минерални производи,
Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на машини и уреди,
неспомнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во мај 2017 година, во однос на мај 2016 година, бележи
пораст кај Енергија за 18.1%, Интермедијарни производи, освен енергија за 6.8%, Капитални производи за
23.5%, Трајни производи за широка потрошувачка за 4.9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка
за 1.6%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари - мај 2017 година, во однос на периодот
јануари - мај 2016 година, изнесува 100.6.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика