Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Индустрија
Индекси на индустриското производство, април 2017 година
вторник, 30 мај 2017
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во април 2017 година, во однос на април 2016 година, изнесува 98.1. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во април 2017 година, во однос на април 2016 година, бележи пораст од 2.9%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 2.8%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1.2%. Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на облека, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на метали и Производство на електрична опрема. Според главните индустриски групи, производството во април 2017 година, во однос на април 2016 година, бележи пораст кај Енергија за 0.4% и Капитални производи за 2.8% додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.2%, Трајни производи за широка потрошувачка за 9.1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.2%. Индексот на индустриското производство во периодот јануари - април 2017 година, во однос на периодот јануари - април 2016 година, изнесува 98.4.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика