Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство, март 2017 година

петок, 28 април 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во март 2017
година, во однос на март 2016 година, изнесува 99.1.


Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во март 2017
година, во однос на март 2016 година, бележи опаѓање од 4.1%, во секторот Преработувачка индустрија
бележи опаѓање од 0.7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација
пораст од 0.3%.


Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство
во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на облека, Производство на
метали, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомнати на друго место и
Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во март 2017 година, во однос на март 2016 година, бележи
пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.9% и Трајни производи за широка потрошувачка
за 40.5%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 3.5%, Капитални производи за 7.6% и Нетрајни производи за
широка потрошувачка за 2.7%.


Индексот на индустриското производство во периодот јануари-март 2017 година, во однос на периодот јануари-
март 2016 година, изнесува 98.5.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика