Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство, февруари 2017 година

петок, 31 март 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во февруари
2017 година, во однос на февруари 2016 година, изнесува 98.7.


Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2017
година, во однос на февруари 2016 година, бележи опаѓање од 4.9%, во секторот Преработувачка индустрија
бележи опаѓање од 4.4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст
од 31.9%.


Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во
следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на
тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на фабрикувани метални
производи, освен машини и уреди, Производство на електрична опрема и Производство на моторни возила,
приколки и полуприколки.


Според главните индустриски групи, производството во февруари 2017 година, во однос на февруари 2016
година, бележи пораст кај Енергија за 17.5%, Интермедијарни производи, освен енергија за 1.2%, Капитални
производи за 0.1%, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 7.0% и Нетрајни
производи за широка потрошувачка за 10.3%.


Индексот на индустриското производство во периодот јануари - февруари 2017 година, во однос на периодот
јануари - февруари 2016 година, изнесува 98.1.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика