Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекс на индустриското производство, октомври 2016

вторник, 29 ноември 2016


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во октомври
2016 година, во однос на октомври 2015 година, изнесува 96.4.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2016
година, во однос на октомври 2015 година, бележи опаѓање од 0.8%, во секторот Преработувачка индустрија
бележи опаѓање од 4.5%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст
од 10.5%.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство
во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на тутунски производи,
Производство на облека, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на производи
од гума и производи од пластични маси, Производство на метали и Производство на фабрикувани метални
производи, освен машини и опрема.
Според главните индустриски групи, производството во октомври 2016 година, во однос на октомври 2015
година, бележи пораст кај Енергија за 4.2%, Капитални производи за 18.3% и Трајни производи за широка
потрошувачка за 73.8%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.4% и
Нетрајни производи за широка потрошувачка за 16.9%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари-октомври 2016 година, во однос на периодот
јануари-октомври 2015 година, изнесува 104.4.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика