Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство, септември 2016 година

петок, 28 октомври 2016


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во септември
2016 година, во однос на септември 2015 година, изнесува 104.6.


Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2016
година, во однос на септември 2015 година, бележи пораст од 0.3%, во секторот Преработувачка индустрија
бележи пораст од 4.7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст
од 21.5%.


Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во
следните оддели: Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на основни
фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од
пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на електрична
опрема, Производство на машини и уреди, неспомнати на друго место, Производство на моторни возила,
приколки и полуприколки и Производство на мебел.


Според главните индустриски групи, производството во септември 2016 година, во однос на септември 2015
година, бележи пораст кај Енергија за 6.2 %, Капитални производи за 26.7% и Трајни производи за широка
потрошувачка за 72.4%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.0% и
Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.3%.


Индексот на индустриското производство во периодот јануари - септември 2016 година, во однос на периодот
јануари - септември 2015 година, изнесува 105.4.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика