Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство, мај 2016

среда, 29 јуни 2016


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во мај 2016
година, во однос на мај 2015 година, изнесува 105.3.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2016 година,
во однос на мај 2015 година, бележи опаѓање од 19.8%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст
од 11.7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 18.4%.
Порастот во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните
оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на тутунски
производи, Производство на облека, Производство не електрична опрема, Производство на машини и уреди,
неспомнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во мај 2016 година, во однос на мај 2015 година, бележи
пораст кај Капитални производи за 34.5%, Трајни производи за широка потрошувачка за 4.4% и Нетрајни
производи за широка потрошувачка за 8.2 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 24.9 % и Интермедијарни
производи, освен енергија за 0.2%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари - мај 2016 година, во однос на периодот јануари
- мај 2015 година, изнесува 108.0.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика