Соопштението е од областа:
Индустрија
Индекси на индустриското производство, април 2016
понеделник, 30 мај 2016
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во април 2016 година, во однос на април 2015 година, изнесува 103.6. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во април 2016 година, во однос на април 2015 година, бележи опаѓање од 10.2%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 9.4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 29.5%. Порастот во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на облека, Производство на други неметални минерални производи, Производство на машини и уреди, неспомнати на друго место, Производство на електрична опрема и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки. Според главните индустриски групи, производството во април 2016 година, во однос на април 2015 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0.1%, Капитални производи за 36.5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.1%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 28.1% и Трајни производи за широка потрошувачка за 3.8%. Индексот на индустриското производство во периодот јануари-април 2016 година, во однос на периодот јануари-април 2015 година, изнесува 108.7.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|