Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство, февруари 2016

среда, 30 март 2016


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во февруари
2016 година, во однос на февруари 2015 година, изнесува 115.2.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2016
година, во однос на февруари 2015 година, бележи пораст од 7.9%, во секторот Преработувачка индустрија
бележи пораст од 19.0%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација
опаѓање од 10.5%.
Порастот во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните
оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на машини и уреди, неспомнати на друго
место, Производство на електрична опрема и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки
Според главните индустриски групи, производството во февруари 2016 година, во однос на февруари 2015
година, бележи пораст кај Енергија за 0.4%, Интермедијарни производи, освен енергија за 12.6%, Капитални
производи за 54.4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.5%, додека опаѓање бележи кај
Трајни производи за широка потрошувачка за 18.0%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари - февруари 2016 година, во однос на периодот
јануари - февруари 2015 година, изнесува 111.7.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 649

е-пошта:  zoran.stanojkovski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика